Младински играчи
Младинска Академија
Поседувањето на младинска академија значи дека вие активно ќе го менаџирате вашиот младински тим. Вработувате скаути, одредувате тип на тренинг и ја одбирате поставата и тактиката. Вашиот младински тим ќе се натпреварува во младинска лига по ваш избор; на пример, можете да играте во лига заедно со вашите пријатели или колеги. Понекогаш вашиот младински тим ќе може да игра пријателски против други младински тимови од целиот свет.